Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Почина самохрана мајка која КОВИД 19 го прележала пред три месеци - починала од тромб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
verica

Бог да ја прости Верица Зафироска  (1983 - 2021). Самохрана мајка на 3 мали деца, жена - борец, наставничка, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ - ОК Теарце. Видете на нејзиниот Фејсбук каков човек беше. Видете ги нејзините постови последниве месеци. Видете каков добар човек беше Верица.

— реклама —

До денес, до последниот ден постираше и пишуваше да се помогне на луѓе, особено на семејствата со мали деца. Последниот одговор на Верица е од денес, само 2 - 3 часа пред да почине, а тоа е одговор на вчерашниот пост за помош на мали деца, напиша на својот ФБ профил Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ.

Ѓорчев во објавата додава:

— реклама —

Почина денес, попладнево, на само 38 години. Ненадејно и одеднаш, во својот дом во Тетово. Пред 2 - 3 месеци преживеа ковид.

Непотврдено, починала од тромб, од згрутчување на крвта, ама тоа ќе го потврдат и утврдат лекарите. Голема, огромна трагедија и загуба. Затоа чувајте се луѓе, затоа што премногу луѓе загубивме. Премногу млади луѓе заминаа.

Верица силно, силно ја сакаше Македонија. Беше голем борец и активист на Унија на жени ОК Теарце и Вмро Дпмне Ок Теарце.

Ми беше чест што ја познавав Верче долги години. На сите митинзи. Во сите кампањи. Одење по врати, дворови и агитации. Со срце и мотивација.

По потекло од патриотско и ВМРО-вско семејство од село Варвара, активна во Теарце, наставничка во с. Копанце (општина Јегуновце), до Тетово и цел Полог. Колку само ја сакаше Македонија...

Сите ја почитувавме Верче. Сочувство до нејзиното семејство и до најблиските. Вечна и’ слава.

Патувај кон небото, македонска душо. Ние ќе ги продолжиме твоите македонски идеали и ќе бидеме тука за твоите 3 мали ангели што ги остави зад себе.

извор: ФБ Влатко Ѓорчев

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања