Промени тема
Контакт

Почина Слободан Петровиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slobodan-petrovic-750x430-1

Почина новинарот, публицист и издавач Слободан Петровиќ-Цобе. Тажната вест ја соопшти неговиот колега Ѕвездан Георгиевски, кој преку Фејсбук статус се збогуваше од својот долгогодишен пријател.

— реклама —
— реклама —

„Знам дека звучи како флоскула ако се каже дека Слободан Петровиќ беше голем новинар. Можеби е поточно да се каже дека беше еден од ретките комплетни новинари, еден од оние ретки и драгоцени егземплари што умееше да го гледа целиот контекст на новинарското дејствување, кој знеше дека еден текст нема некоја особена смисла, ако не стои во контекст со другите содржини во весникот или медиумот. Кој знаеше дека пласманот на текстот и неговата опрема се подеднакво важни како и неговата содржина, дека нема добра содржина без добра форма. И обратно: не постои добра форма без добра содржина. Но, не сум јас тој што ќе ја напише неговата пребогата службена биографија. Го предложив, заедно со некои други колеги, за наградата ’13 Ноември’ за публицистика за неговата ингениозна книга за дрвото. Ја доби наградата и знам дека тогаш си помислив дека конечно го препознаа неговото дело и неговиот придонес за македонскиот јавен простор. Почивај во мир Цобе“, напиша Георгиевски на Фесјбук.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања