Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Почина уште еден повреден во престрелката на „Рузвелтова“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
uzveltova

Од повреди од пукањето во престрелката што ноќеска половина час по полноќ се случила на ул. „Франклин Рузвелт" во Скопје починал уште еден од тројцата патници во возилото „сеат алтеа".

— реклама —

Од Ургентен центар потврдија дека на повредите им подлегнал уште еден од повредените , кој бил на возраст од 49 години.

— реклама —

„И покрај напорите на лекарскиот тим, повредениот им подлегна на повредите, изјави за МИА д-р Алберт Леши“, раководител на Ургентен центар во комплексот-клиники „Мајка Тереза".

Триесет минути по полноќ во Ургентниот центар биле донесени три лица со повреди од огнено оружје.

Кај едниот била веднаш констатирана смрт, другите двајца биле хоспитализирани на КАРИЛ со животозагрозувачки повреди и едниот починал два часа по приемот.

На третиот хоспитализиран му е извршена хируршка интервенција во текот на ноќта и продолжува да се лекува на Интензивна.

— реклама —

Според извори од истрагата, врз возилото „сеат алтеа" во кое биле трите лица пукале непознати сторители од возило во движење.

На самото место на престрелката убиен бил 44-годишниот Н.А. а другите двајца Ф.Е(19) и А.П.(49) со амбулантни возила ноќеска биле пренесени во Ургентниот центар..

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања