Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Почина Жарко Луковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zarko-lukovski

Почина Жарко Луковски, поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, пишува НоваТВ.

Во случајот „Рекет“ името на Луковски беше спомнато во разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“. На снимката се слуша како Бојан Јовановски во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“

— реклама —

Истрагата под кодно име „Базни станици“, иницирана во октомври 2018 година, се уште е отворена од СЈО 2018.

Жарко Луковски беше осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата. Истрагата во СЈО ја води обвинителката Лиле Стефанова, истата која го води и предметот „Империја“ на Орце Камчев.

— реклама —

Неговиот глас го слушнавме во бомбите што ги пушташе опозицијата, како со Миле Јанакиески договараа списоци за гласање на вработени во Телеком.

Жарко Луковски се најде на листата помилувани на Ѓорѓе Иванов по што ескалираа протестите. Тој е близок со Орце Камчев и го поврзуваа со негови оф шор фирми. Луковски бил меѓу неколкуте сопственци на мистериозната фирма „Ексико“ која добиваше милионски тендери од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања