Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Починал на Инфективна, го погребале, па им вратиле туѓа здравствена книшка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zdravstvena

Синот на починатиот Зоран Трендафиловски вели дека не им била дадена можност да го видат телото пред да го погребаат. Здравствената книшка која ја добиле е на друг починат пациент, но роднините на тој пациент тврделе дека го виделе телото „преку прозор“. Кај нив не стигнала никаква книшка

Кумановец починал на Инфективната клиника во Скопје, а посмртно на семејството им биле вратени туѓи здравствени документи, објави 360stepeni.mk.

— реклама —

Синот на починатиот Зоран Трендафиловски вели дека кога отишол да ги земе неговите лични предмети, добиле здравствена книшка од друг пациент кој починал на Инфективната клиника.

Во изјава за „360 степени“ Филип Трендафиловски вели дека ова било „капак“ на целата голгота што ја проживеале од моментот кога татко му се разболел се до неговата смрт.

— реклама —

„Нѐ вознемири до толку што се прашувавме дали навистина го закопавме татко ми, бидејќи не го видовме телото поради протоколите. Контактирав со другото семејство. Ми рекоа дека ним им било дозволено да го видат телото преку прозор. Нивната книшка ја добивме ние, а тие велат не добиле никаква“, вели Трендафиловски.

Тој посочува дека овој пропуст само го зголемил неговиот сомнеж за тоа дали татко му бил лекуван како што треба.

„360 степени“ контактираше и со другото семејство, кое сака да остане анонимно, за, како што велат, да не ја зголемуваат болката од загубата. Потврдија дека имало грешка, но не се сомневаат во болничкиот третман.

 

Текстот во целост на: 360stepeni.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања