Починал шестиот припадник на „жолтите елеци“, го удрил камион за време на блокада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
francija-protesti-768x432

Починал уште еден припадник на движењето на „Жолтите елеци“ во Франција откако го удрил камион за време на патни блокади во близина на градот Авињон.

— реклама —

Локалните власти соопштија дека возачот на камионот е уапсен и притворен откако се обидел да избега од местото на инцидентот. Во соопштението се наведува дека повредениот демонстрант со екипа на  Брза помош веднаш бил пренесен во болница, но во текот на ноќта им  подлегнал на повредите.

— реклама —

Уште пет демонстранти досега загинаа во сообраќајни несреќи, а повеќе од 1.400 припадници на „жолтите елеци“ се повредени во протестите против зголемувањето на цените на горивата откако почнаа демонстрациите минатиот месец. Демонстрантите блокираа важни сообраќајници  низ цела Франција, а во Париз протестите прераснаа во немири. Учесниците во актуелните протести во Франција се нарекуваат „жолти елеци“ поради флуоресцентните безбедносни елеци што ги носат.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања