Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Почна акцијата „Генералка викенд“, се чисти во 80 општини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library6440q86madms4JX61iv
screenshot youtube

Во Скопје започна акцијата „Генералка викенд“, во која волонтери, ученици и вработени во јавни претпријатија собираат отпад, почнувајќи од кејот на реката Вардар.

Во акцијата учествуваше и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која порача дека секој ден треба да започнува со грижа за животната средина, посочувајќи го примерот на Јапонија.

— реклама —

Таа истакна дека ваквата практика треба да стане начин на живот и навика за граѓаните.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека градот треба да се третира како заеднички дом и дека свеста за неговото одржување мора да се подигне кај сите граѓани.

— реклама —

Амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер, ја оцени акцијата како значајна иницијатива и истакна дека „Генералка викенд“ претставува препознатлив македонски бренд во кој учествуваат илјадници волонтери.

Министерот за животна средина, Мухамет Хоџа, посочи дека институцијата ќе продолжи да поддржува вакви активности, истовремено работејќи на системски решенија за управување со отпад, вклучително и изградба на регионални центри.

Акцијата се спроведува на околу 500 локации во 80 општини низ земјата и ќе трае три дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања