„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Почна кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ukrasi-skopje

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија од денеска почнуваат кампања „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

— реклама —

Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на Covid-19.

Министерството за здравство, уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени со Covid-19, токму поради славењето во затворен простор во големи броеви.

— реклама —

На сите треба да ни е јасно дека во престојниот период носиме одговорност за своето но и здравјето и животите на најблиските.

Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките кои се изречени се следните:

- Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи

- Се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица.

- Се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од 4 лица.

- Граѓаните доколку немаат потреба да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени.

Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека - здравјето не. #ПразнувајОдговорно

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања