Почна меѓународниот турнир во џудо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Спорт
45864742_2062001677179367_7544863057680269312_n

Денеска, во спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје, по девети пат се одржа меѓународниот џудо турнир „МИОКИ ОПЕН“, во организација на џудо клубот МИОКИ, а поддржан од Град Скопје.

— реклама —

Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, го отвори турнирот, ги поздрави сите триста и повеќе учесници (момчиња и девојчиња, генерациски опсег 2001 – 2009 година), чудо спортисти од Македонија, Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија и Турција) и им посака успешно завршување на натпреварите на турнирот, како резултат на фер и коректна спортска борба.

— реклама —

— реклама —

- Несомнено, сите Вие почитувани џудо спортисти, копнеете по победата. И тоа е за поздрав. Но, Јас ќе Ве охрабрам и ќе Ви кажам дека без разлика каков и да биде крајниот резултат (победа или нешто помалку од победа), Вие сите заедно, штом веќе сте стигнале до ваквите категории на натпревари, однапред сите сте победници - нагласи Љубица Јанчева.

Таа додаде дека она што посебно ме радува е и фактот што гледам и поприлично голем број на девојчиња, учеснички на денешниов турнир. Доволна потврда, да се разбие стереотипот дека спортот е предодреден за момчињата, односно дека спортот е машка вештина и техника.

- Сите Вие заедно сте победници, но согласно правилата мора некој да го понесе епитетот на најдобар/најдобра. Оттука, штом е така, она што мене ми преостанува да кажам на овој девети џудо турнир најдобриот/најдобрата, нека победи и чест ми е да го прогласам меѓународниот џудо турнир „МИОКИ ОПЕН“, за отворен – резимираше Јанчева .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања