Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Почна реконструкцијата на улицата Лазар Трпковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Лазар Трповски во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.

— реклама —

- Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници во нашиот град. Пред неколку дена ја започнавме реконструкцијата на оваа улица Лазар Трповски, на потегот од кружниот тек со улица Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко. Предвидено е да се заврши во рок од 20 дена, така што очекуваме по реконструкцијата на овој потег граѓаните да добијат безбедни сообраќајници, што е и наша цел. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 2,5 милиони денари со пресметан ДДВ - рече Шилегов.

— реклама —

Со реконструкцијата е предвидено стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри.

Во текот на летото ќе продолжат реконструкциите на повеќе булевари и улици во надлежност на Град Скопје. Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона завршувааат со рекордно кратки рокови, се со цел да се обезбедат услови за одвивање на сообраќајот без создавање сообраќаен метеж.

Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања