Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Почна сечата на огревно дрво во Малешевијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Шумите во Малешевијата многу повеќе се уништуваат, одошто се обновуваат. Оваа констатација ја делат повеќето шумари, меѓу кои и претседателот на Здружението на сопственици на приватни шуми Војо Соколовски, кој вели дека претстојната сеча на дрва ќе покаже дали годинава Малешевијата ќе се соочи со недостаток на огревно дрво.

— реклама —

-Пожарите се еден од најголемите проблеми со кои се соочува државата и факт е дека голем дел од нив се предизвикани од факторот човек. Од таа причина каков ќе биде квалитетот на шумата и дали ќе има доволно огрев за претстојната сезона ќе покаже сечата која допрва почнува. Оние кои ќе ги добијат тендерите треба што поскоро да излезат на пазарот за да не се создаде вештачки недостиг од огревно дрво, вели Соколовски.

— реклама —

Поради овие причини, нагласува, можни се промени и во цената за огревно дрво за претстојната сезона.

-Заради тоа што излегуваме од тој зимско-пролетен дел и од временските неприлики кои до скоро не дозволуваа почнување на сечата, од излегувањето на терен на дрвосечачите, во голема мера ќе зависи дали годинава ќе имаме недостиг од огревно дрво, вели Соколовски.

— реклама —

Малешевијата е шумско подрачје со околу 29 илјади хектари шума од кои 22 илјади хектари се погодни за огрев.

— реклама —

извор vecer.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања