„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Почна снимањето на филмот „Збогум, Копакабано“ на Милчо Манчевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
Milco-Mancevski

Во Скопје почна снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски – „Збогум, Копакабано“, кој претставува социјална трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ градот. Филмот, кој ја обработува темата на сестринска љубов, воедно се занимава со низа општествени прашања како самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести и нееднаквост во општество засновано на привилегии на богатите.

— реклама —

Манчевски филмот го опишува како „филм за сестринска љубов и саможртва, за богати и сиромашни, за добри и лоши, за слепи и окати. Филм за тоа како живееме, како се смееме и како умираме.“

— реклама —

Главните улоги ги толкуваат Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева, Стефан Николовски, Калина Наумовска, Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Сара Панковска, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

— реклама —

Снимањето се одвива со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје.

Продукциски дизајн потпишува Дејвид Манс од Велика Британија, директор на фотографија е италијанскиот кинематографер Стефано Фаливене, кој има работено со познати режисери како Абел Ферара, Мартин Скорсезе, Тери Гилијам, Ридли Скот и други.

Кастинг директорка е Милка Анчевска, костимограф е Жаклина Крстевска, а за шминката е задолжена Бистра Кечиџиева. Продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм и филмски фондови и приватни инвеститори од Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Велика Британија. Дополнителна поддршка доаѓа од македонски компании и институции, меѓу кои Дајнерс клуб, Тиквеш, Витаминка, Окта, Пелистерка, Специјал, Такси Глобал, Хотел Арка, Саманта, Мај Принт, Македонскиот народен театар и Види Вака.

фото: YouTube/Print Screen

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Rain-China-1

Во Кина прославена 30-годишнината од класикот „Пред дождот“ на Манчевски, ќе се прикажува и во Бразил и Словенија

Магазин | пред 1 година

Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

Агенцијата за филм до директорот на Венецискиот фестивал: Во случајот со Манчевски не станува збор за прогон на автор, туку за финансиски злоупотреби

Магазин | пред 2 години

2

Прекинато финансирањето на филмовите на Манчевски

Магазин | пред 2 години

Manchevski-na-filmskiot-set-na-Vrba

Ниеден надлежен орган не утврдил неправилности во работата на „Банана филм“, велат од продукцијата на Милчо Манчевски

Магазин | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања