„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Почна судењето за „Геријатрија“ – обвинетите го отфрлаат обвинението за мито

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Пред Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето за случајот „Геријатрија“. Обвинетите Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, и Блерим Амити, се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

— реклама —

Арифи се гони за примање поткуп, додека Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинителниот акт, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, по што бил фатен од полицијата.

— реклама —

Обвинителката Искра Хаџи Василева во воведните зборови истакна дека случајот е пример за длабоко вкоренета корупција.

„Пропорциите и интензитетот на корупцијата се толку многу длабоки што нè потсетуваат дека ја засегаат секоја сфера од живеењето,“ рече таа. Таа додаде дека станува збор за грубо барање мито од страна на директор на јавна здравствена установа – износ кој бил предмет на преговори, а потоа прифатен како минимален за извршување службено дејствие што инаку морало да се изврши без надомест.

Обвинителката нагласи дека обвинетите дејствувале исклучиво за лично богатење, искористувајќи ја ранливоста на пациентката и нејзината потреба за итен медицински третман.

Одбраната на обвинетите најави дека во текот на постапката ќе презентира докази, меѓу кои статути, процедури и законски одредби поврзани со институцијата, со цел да се докаже дека Арифи и Амити не можеле, ниту имале намера да извршат кривично дело.

„Убедени сме дека доказите ќе укажат на недоразбирање што настанало во овој т.н. кривично правен настан,“ соопштија одбраната.

Случајот го водат судиите Ленка Давиткова и Илија Трпков. Судењето е закажано да продолжи на 16 септември, во 13 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања