Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Почнаа пожарите: Гори депонијата во Визбегово, а пожарникарите интервенираа на 13 локации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-librarygudonvs5m446bL7QT8B
unsplash

На територијата на државата до 20:00 часот денеска се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои еден е сѐ уште активен, еден е ставен под контрола, а 11 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

— реклама —

Активен останува пожарот во Општина Бутел, на депонијата во Визбегово.

— реклама —

Под контрола е ставен пожарот на градската депонија во Демир Хисар, каде што горело ѓубре.

Во текот на денот целосно се изгаснати пожарите кај Љуботенски пат во Општина Бутел, на патот кон Страхојадица во Општина Зелениково, кај селото Булачани во Општина Гази Баба, во Средно Коњаре во Општина Петровец, како и кај Бардовци во Општина Карпош.

— реклама —

Изгаснати се и пожарите во прилепското село Лениште, кај Кадмо плажа во Охрид, пред патарината во Општина Градско, во населбата Насеље во Штип каде што било запалено дрво, на Слупчански пат во Општина Липково каде што горело ѓубре, како и кај селото Псача во Општина Ранковце.

Најголем дел од пожарите биле на ниска вегетација, сува трева, трње и отпад, а надлежните апелираат на внимателност поради високите температури и зголемениот ризик од пожари на отворен простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 1 седмица

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 1 седмица

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања