Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Почнаа уписите во прво одделение – невакцинираните ќе си седат дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_8756

Почнаа уписите во прво одделение, но не и за децата што не ја примиле МРП вакцината. Владата уште еднаш потсети – дечињата кои не ја примиле вакцината против мали сипаници не ќе може да седнат во училишните клупи. Владиниот портпарол вели дека ова е јасно прецизирано во Законот, во кој исто така стои и дека основното образование е задолжително. Прашан на кој начин не вакцинираните деца ќе се стекнат со знаење, тој со контрадикторен одговор.

— реклама —

Според Законот за основно образование, за упис во училиште родителите, покрај другите документи мора да приложат и Потврда за примени задолжителни вакцини. Од Министерството за здравство велат дека вакви потврди се издаваат само на вакциналните пунктови.

„Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини. Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни“, информираат од Министерството.

— реклама —

Од стартот на годинава, во земјава биле вакцинирани над 21.000 деца на возраст до 14 години. Само во Скопје, МРП вакцина примиле речиси 13.000 од вкупно 16.360 кои биле заведени како невакцинирани. Во другите градови статистиката покажала полоши резултати, МРП вакцина примиле само 8.300 деца.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања