Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Почнаа уписите во средно: Над 25.000 слободни места за идните средношколци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Македонија
2020-09-08

Над 25.000 слободни места ги очекуваат идните средношколци, откако денеска официјално стартуваше првиот уписен рок за запишување во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.

Полуматурантите ќе можат да се пријават по електронски пат преку порталот Uslugi.gov.mk, користејќи ги своите кориснички сметки од schools.mk, по што ќе треба да ја достават потребната документација во средните училишта во кои конкурираат.

— реклама —

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, првото електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе трае од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни. Второто пријавување е предвидено за 23 јуни, додека во августовскиот уписен рок ќе има едно електронско пријавување – на 20 август.

За претстојната учебна година се обезбедени над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта низ државата. Од нив, повеќе од 17.000 места се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското образование, а 570 места се предвидени во уметничките училишта.

— реклама —

Од Министерството за образование и наука апелираат учениците и нивните родители навремено да го завршат процесот на пријавување и доставување на документацијата, со цел уписите да се реализираат без застој и дополнителни компликации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања