„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Почнува 44. Саем на мебел, 70 изложувачи ќе ги претстават најновите трендови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
mebel

Околу 70 изложувачи со повеќе од 150 брендови ќе се претстават на годинашниот 44. Саем на мебел којшто од денеска до недела ќе се одржува во комплексот на ВИП арената Борис Трајковски.

— реклама —

Најновите трендови во производството на мебел ќе бидат презентирани на вкупна површина од 8.000 кадратни метри. Ќе бидат поставени две мултифункционални енергетско-ефикасни монтажни објекти.

Покрај изложувачите од Македонија, на годинашното издание на саемот ќе се претстават и изложувачи од Србија, Косово, Италија и Бугарија.

— реклама —

Во рамки на саемот утре во органзиција на Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се организира дебата на тема „Оригинал и копија“ – колку е навистина важен автентичнот дизајн и колкава е потребата да се биде оригинален.

Групацијата Скопски Саем и Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер имаат распишано и конкурс за изработка на дизајнерски стол од дрво.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, а цената на влезниците е 100 денари, додека за организирани групни посети на ученици ќе изнесува 50 денари. За прв пат годинава, ќе може да се набави билет за и преку „МК тикетс“.

За полесен пристап до саемот, ЈСП Скопје ќе воведе две вонредни автобуски линии со броеви 100 и 200 до ВИП арената „Борис Трајковски“. Автобусите со број 100 ќе сообраќаат на релација од Ново Лисиче до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно, а автобусот бр. 200 ќе сообраќа од Дексион кон СЦ „Борис Трајковски“ и обратно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања