Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Почнува 48. Илинденски коњички марш - околу 40 коњаници денес тргнуваат кон Крушево за Илинден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryutbocfuca2kjdCyWWgF

Околу 40 коњаници денес попладне ќе тргнат од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче кон Крушево, каде на 2 август ќе учествуваат во одбележувањето на големиот државен празник – Илинден.

— реклама —

Меѓу учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш годинава има и пет девојки, кои ќе бидат дел од повеќедневното патување до Крушево.

— реклама —

На 31 јули коњаниците од Горно Лисиче ќе им се придружат на учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.

— реклама —

Општина Аеродром ги повика граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците и да им дадат поддршка пред почетокот на маршот.

— реклама —

Традиционалниот Илинденски коњички марш се организира секоја година во пресрет на Илинден, во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“ и претставува еден од најпрепознатливите настани посветени на одбележувањето на овој значаен датум од македонската историја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања