Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Почнува ерата на дигиталниот тероризам, вели рускиот Совет за безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
internet-terorizam

Терористичките групи го искористуваат интернетот за хакирање и глобални удари, а нивното влијание наскоро може да стане еднакво опасно како оружјето за масовно уништување, посочи рускиот заменик-секретар за безбедност, Јуриј Коков.

— реклама —

„Почнува ерата на технолошкиот и дигиталниот тероризам со последици слични на оние кои произлегуваат од можната употреба на оружјето за масовно уништување од страна на милитантите. Денес, интернетот е главната алатка што терористите ја користат за контрола на фрагментирани сили и опрема, како и финансии”, вели Коков.

„Според експертски проценки, има околу 30.000 екстремистички и терористички веб-страници во светот. Што се однесува до безбедноста, многу е важно да се здружат силите за борба против предизвиците на денешницата, кои се поврзани со компјутеризација, дигитализација, развој на вештачка интелигенција, квантни компјутери и други технологии”, истакна рускиот претставник за безбедност.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања