„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Почнува судскиот процес за „Онкологија“, екс директорот, Нино Васев и уште тројца онколози ќе седнат на обвинителната клупа, семејствата очекуваат високи казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
nino-vasev

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да започне главната расправа за еден од најтешките случаи што ја потресе јавноста – таканаречениот случај „Онкологија“. На обвинителна клупа ќе седнат поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и тројца лекари онколози, кои се товарат за тешки кривични дела поврзани со несоодветен третман на пациенти со малигни болести.

— реклама —

Според обвинителниот акт, Васев, во својство на директор, заедно со еден од колегите од клиниката, се гони за продолжени кривични дела „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“. Медицинските вештачења спроведени во текот на истрагата, кои се направени во Србија и Словенија заради обезбедување непристрасност, покажале дека кај најмалку 29 пациенти бил применет очигледно неподобен начин на лекување – со отстапки од официјалните онколошки упатства, погрешни дозирања и неосновано користење на лекови од нови генерации, вклучително и имунотерапија.

Покрај Васев, обвинета е и уште една докторка, која му овозможувала пристап до својот факсимил и кориснички податоци за електронскиот систем на Клиниката, со што Васев несомнено имал целосна контрола врз издавањето и измената на терапиите. Двајцата останати обвинети лекари, пак, се теретат за основното кривично дело „несовесно лекување“, при што одредувале неподобна терапија и во случаи кога пациентите имале многу слаб здравствен статус, без надеж дека терапијата би делувала.

— реклама —

Покрај овој предмет, Јавното обвинителство поднесе и второ обвинение против Васев, кое се однесува на економското работење на Клиниката. Во тоа досие, обвинети се и економскиот директор на установата, за злоупотреба на службена положба, измама и проневера. Според обвинувањата, во периодот од 2018 до 2022 година, со нелегални набавки на лекови и фиктивно раздолжување, државниот буџет бил оштетен за повеќе од 2,2 милијарди денари, а само од незаконските исплати преку Фондот за здравствено осигурување добавувачите стекнале противправна корист од околу 430 милиони денари. Обвинителството тврди и дека Васев лично прибавил имотна корист од најмалку 13 милиони денари.

Семејствата на пациентите чии животи беа изгубени, скоро две години го чекаат почетокот на судењето. Велат дека нивната болка е немерлива, но единствено што им останува е надежта дека овој пат, макар и во разнишаниот судски систем, ќе има правда.

„Татко ми примал терапија која, според експертите, воопшто не била соодветна за неговата состојба. Колку има како такви случаи? Не можам да го вратам, но барам правда, да знаеме дека тоа нема да се повтори“, вели за Скопје1, член на семејство што од денеска внимателно ќе ги следи судските рочишта.

Во текот на истрагата, која беше затворена на 22 мај годинава, анализирани беа 65 медицински истории, при што, како што изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кај висок процент од нив биле утврдени сериозни отстапки од протоколите за лекување. За транспарентност и стручност, експертизи биле побарани од медицински институции во Србија и Словенија.

Случајот „Онкологија“ беше отворен во јануари оваа година по серија новинарски истражувања и по ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија кој посочи низа сериозни пропусти во работењето на Клиниката за онкологија

Семејствата на починатите велат дека колку и да е доцна, очекуваат високи казни и цврсто веруваат дека барем на суд ќе се воспостави вистината, со цел вакви трагедии никогаш повеќе да не се повторат.

Анита Буховски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања