„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vakcina

Во сите Центрите за јавно здравје во земјава денеска почнува вакцинацијата против сезонски грип. Годинава обезбедени се 41.000 дози вакцини.

— реклама —

По првпат годинава Министерството за здравство, како што рече вчера на прес-конференција ресорниот  министер Венко Филипче, набави 28.000 дози на вакцина, која е бесплатна за лицата над 65 години со пензија помала од 14.480 денари, односно со просечна и потпросечна пензија, како и за оние што немаат пензија.

– Набавивме четиривалентна вакцина, која е најнова, висококвалитетна, и заштитува од четири видови на инфлуенца и истата е според препораките на Светската Здравствена Организација и Европската Медицинска Агенција. Вакцините се набавени од француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“. Годинава им помагаме на граѓаните на кои им е најмногу потребна вакцината. Вакцинацијата не е задолжителна, но ја препорачуваме за лица над 65 години, како и за другите со хронични болести, но и здравствени работници и други лица во здравствен ризик, потенцираше Филипче.

— реклама —

Оваа година, сите пензионери над 65 години со просечна и потпросечна пензија, со чек од својата пензија треба да дојдат кај матичниот лекар, кој пак преку „Мој термин“ ќе им закажат термин за вакцинација во некој од Центрите за јавно здравје. Пензионерите над 65 години кои не земаат пензија, ќе можат да се вакцинираат со потврда од ПИОМ.

За сите останати лица, кои сакаат да се вакцинираат, како што велат од ресорното Министерство, тоа можат да го направат во Центрите за јавно здравје, без закажување. Станува збор за 13.000 дози што ги набавија Центрите за јавно здравје, а цената за нив е 650 денари.

Министерството за здравство, како што посочуваат оттаму, при набавката постигна најниска цена на чинење со што заштеди околу 75.000 евра.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Не е време за прогресивен данок, порачуваат бизнисмените

Македонија | пред 7 години

gruevski

Собранието ќе расправа дали да му го одземе мандатот на осудениот Груевски

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Нови рочишта за „Тревник“, „Титаник“ и „Насилство во Центар“

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања