Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни работи денеска изврши претреси на повеќе локации низ Скопје. Претресите се спроведени по обезбедени судски наредби и се дел од истрага за кривични дела лихварство и перење пари, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

— реклама —

Според обвинителството, отворена е истрага против 12 лица и едно правно лице. Деветмина од осомничените се товарат дека, како соизвршители или помагачи, организирале криминална група која од 2022 година давала заеми со високи камати од 5% до 15% месечно, барајќи од жртвите враќање на долговите со имот или пари, често под закана или притисок.

— реклама —

Полицијата утврдила дека паричните средства добиени од лихварството биле внесувани во банкарски и готовински текови, со што се прикривало нивното нелегално потекло. На тој начин, осомничените стекнале противправна имотна корист од над 125 милиони денари, кои ги користеле за луксузен живот, купување имот и трансакции со други физички и правни лица.

— реклама —

Јавниот обвинител најави дека во текот на утрешниот ден ќе поднесе предлози до судот за мерки за обезбедување присуство на осомничените лица.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 12 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 12 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања