„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Под истрага полицаецот кој бараше распит на итен распит на директорката дури и со носилка - јавноста: Сте поблесавиле веќе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
demir-hisar

По острите критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР. Истовремено, правната фела, но и граѓани реагираат на односот на полицаецот кој и покрај укажувањата на медицинскиот тим дека здравствената состојба на директорката Маја Лозановска не дозволува таа да биде спроведена на сослушување, тој вели „ако треба ќе оди со Амбулантно возило и на носилка во полициска станица“. Од МВР велат дека кога ќе завршат проверките, ќе известат дали го санкционирале полицаецот.

— реклама —

„Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности од своја надлежност за што дополнително ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.

„Криминалците, насилниците, убијците, измамниците, корумпираните политичари премачкани со сите масти се шетаат слободно низ државата. Трговци со дрога и оружје се сликаат со високи функционери во власта, терористи слават родендени со главешините на мафијата. И мува не ги лази. Ама за печат од училиште се ангажира специјална единица од полиција? Па уште и на носилка во полиција ќе ја спроведувале жената. И тоа за незаконско разрешување од страна на градоначалникот. Ма луѓе сосема сте поблесавеле веќе“, напиша Најчевска.

— реклама —

И инфлуенсерката Ина Многуфина го искоментира случувањето: „ Таа драмолетка во Демир Хисар е ништо друго освен манифестација на моќ. Лопови така не ваделе на носилки да апсат ко што и се силеле на жената, во сред ноќ. Покажување сила на послаби и немоќни е знак за слабост. А и драмава е околу некое решение за вработување нешто што се дешава реално секој ден. Абе идете таму криминалцине ви избегаа, а некои и се шетаат и тендери добиваат, тие дошле ноќе кај жена што не може да се движи, демек шо, ќе стане ќе избега со печатите негде. Немаме правни алатки да се решава ова, мора вака со драми и скандали?“.

Од снимката се слуша како полицаецот инсистира директорката да биде веднаш сослушана, иако нејзиниот адвокат, посочува дека во наредбата од судот стои дека претресот може да се спроведе во рок од 15 дена, а тој додава дека тоа се прави кога тој ќе одреди. Полицијата постапува по напатствија од Обвинителството, а оттаму, посочија дека тие не дале наредба за итен распит.

„Основното јавно обвинителство Битола нема издадено наредба за приведување или итен распит на лице во конкретниот случај“, велат од Обвинителството.

МВР пак посочува дека претресот кај директорката бил за фалсификување или уништување на деловни книги.

„ ОВР Демир Хисар од Основното јавно обвинителство Битола побара издавање Наредба за претреси на три локации - службени простории на училиштето, дом и автомобил на пријавено лице. Основното јавно обвинителство Битола побара од Основниот суд во Битола да се издаде наредбата со цел обезбедување предмети од кривично дело. Судот ја ценеше основаноста и го прифати барањето за претрес, по што ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршило претрес на трите локации, а за претресите и евентуално пронајдени и одземени предмети се уште нема доставено официјално писмено известување до обвинителството“, велат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања