Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Под мотото „Она што останува – љубов, емоција, емпатија“ денеска се одбележува Светскиот ден на Алцхајмеровата болест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarysid997gpgc1f7wob0Zd
фото: unsplash

Под мотото „Она што останува – љубов, емоција, емпатија“, денеска се одбележува Светскиот ден на Алцхајмеровата болест – 21 септември. Настанот го организира здружението на граѓани Институт за Алцхајмерова болест и невронаука „Алцхајмер матине“, со цел да се зголеми јавната свест за болеста и предизвиците со кои се соочуваат лицата со деменција и нивните семејства.

— реклама —

Настанот е замислен како средба посветена на човечката блискост, љубовта и емпатијата, со порака дека достоинството и потребата од разбирање остануваат важни и кога сеќавањата постепено исчезнуваат.

— реклама —
— реклама —

Преку музички настапи, лични сведоштва, едукативни содржини и пораки за поддршка, „Алцхајмер матине“ ќе ги обедини лицата со деменција, нивните семејства, здравствените работници и граѓаните. Целта е преку размена на искуства и професионални совети темата да стане подостапна за јавноста и да се поттикнат навременото препознавање на симптомите, емпатијата и заедничката грижа.

Според податоците што ги споделуваат организаторите, во Македонија живеат повеќе од 24.000 лица со деменција, од кои најмалку 10.000 се со Алцхајмерова болест. Предизвиците поврзани со болеста секојдневно ги чувствуваат и илјадници нивни семејства.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања