Подбивање со Пендаровски: Ко некој намерно да искористи криминални разговори за да дојде на власт, а после го укина СЈО, ги затвори сите истраги и ги забрани бомбите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
1-Facebook-Google-Chrome_2

Медиумското излагање на претседателот Стево Пендаровски во која кажа „Намерно се застаруваат предмети, мора да се открие зошто”, го предизвика критичарот Иљче Затаракоски да му посвети неколку објави на социјалната мрежа „Фејсбук“. Пред да му постави прашања, Затаракоски, иронично му одговори на прашањето пишувајќи: „Шо знам Шерлок, ваљда гените им се такви па побрзо стареет, не гледам друга причина...“.

— реклама —

Но со ова не застана ништо. Веќе два дена, нови коментари од Затаракоски поврзани со актуелни политички прашања осамнаа на социјалните мрежи.

„Добар ден Стево Пендаровски. Знам дека е неработен ден, ама за нас детективите нема одмор, па ми текна: ко некој намерно да искористи криминални разговори за да дојде на власт, а после го укина СЈО, ги затвори сите истраги и ги забрани бомбите за никој да не оди во затвор. Многу сомнително“, напиша тој.

— реклама —

Се започна завчера (сабота), кога означувајќи го на социјалните мрежи, Затаракоски му посака добра ноќ.

„Стево Пендаровски ќе ти посакав убави сништа, ама знаејќи дека криминалот никогаш не спие, значи не спиеш ни ти. Се пишиме сабајле“, стои во објавата.

А и на ова, имаше претходница.

„Стево Пендаровски извини вака, можда досадвам, ама уште нешо ми текна...ко некој намерно да го пушти и Груевски да избега... Многу истраги ни се отворија упм, ак требит помош титни, ќе те блокирам!“, напиша Затаракоски.

Пендаровски ги потпиша измените на Законот за кривична постапка. Па поради ова, Затаракоски иронично му порача: „... Исто така пожелно е да се открие кој потпишува закони со кои делата застаруваат уште побрзо од планираното“.

Последен во оваа низа е ироничниот коментар кој гласи: „Господине Стево Пендаровски, исто треба да се открие зошто застаруваат делата само на политичарите, а не и на сиромашните. Се игра некоја игра“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања