„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Поддршка за Силјановска Давкова од Централниот комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_1011

На денешната редовна седница на Централниот комитет на УМС на ВМРО- ДПМНЕ, се обрати кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која имаше прилика да се претстави пред ЦК, кој изрази недвосмислена поддршка за истата.

— реклама —

ЦК на УМС на ВМРОП-ДПМНЕ констатираше дека власта ја води државата во погрешна насока, политиките се катастрофални и дополнително ја влошуваат состојбата на младите. Иселувањето ветуваа дека не само што ќе го запрат, туку и ќе почнат да ги враќаат младите во државата, сега не само што не е запрено, туку дополнително младите се повеќе се иселуваат.

— реклама —

Додека младите забрзано се иселуваат, власта ги полни институциите со децата на функционерите, кои од парите на граѓаните земаат високи плати. ЦК на УМС на ВМРО ДПМНЕ го осудува прогонот врз младите и сите неистомисленици. Пред ЦК беше презентирано дека на меѓународен план, собранието на младината на ЕПП изгласа резолуција во која се осудува политичкиот прогон во државата.

Младите јасно стојат зад политиките на ВМРО-ДПМНЕ и во неа гледаат единствен спас од оваа бесперспективност. ЦК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите млади во државата кои знаат во кој правец треба да се движи државата, кои сакаат просперитет и иднина тука, да ни се приклучат и заедно да го поразиме СДСМ прво на претседателски избори, а потоа и на предвремени парламентарни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања