Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Поддржувачот на српските студенти доби отказ! „Да не ми ја пренесеа веста студентите, немаше ни да знам дека сум отпуштен“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
goran-markovic

Српскиот режисер, сценарист и писател Горан Марковиќ, кој јавно застана зад повеќемесечните студентски протести, соопшти дека е отпуштен од Академијата за уметности во Нови Сад. Тој вели дека за тоа дознал од приватна комуникација со студенти, а како можно образложение за отказот ја наведува неговата поддршка за движењата против апсењата на студенти и професори, пренесува телевизијата Н1.

— реклама —

„Да не ми ја пренесоа оваа вест приватно – немаше ни да знам дека сум отпуштен“, напиша Марковиќ на својот профил на Фејсбук.

— реклама —

Според неговото објаснување, станува збор за студенти од докторските студии на Академијата за уметности, кои го информирале дека повеќе не е дел од наставниот кадар по предметот Поетика на големите режисери.

— реклама —

„Претпоставувам дека оваа одлука е донесена поради мојата поддршка на студентските протести и изјавата дека нема да држам настава додека факултетот е под блокада, а студентите и професорите се апсени“, напиша Марковиќ.

Тој додава дека есента потпишал нов договор за продолжување на соработката, но откако се случила трагедијата на железничката станица во Нови Сад, при што загинале 16 лица, добил информација дека часовите се одложуваат до понатамошно известување. Од тогаш, вели, никој од Академијата не го контактирал, договорот не му бил раскинат, ниту му биле исплатени средствата за одржаната настава.

„Ако сега ме поканат да продолжам да предавам – не би се согласил со тоа, ниту директно, ниту преку интернет, сè додека блокадата на факултетот продолжува, додека полицијата апси и безмилосно тепа студенти и бунтовни граѓани во Нови Сад и другите градови во Србија“, изјави Марковиќ.

Горан Марковиќ е истакнат автор кој припаѓа на генерацијата на т.н. „прашка школа“, заедно со режисерите Рајко Грлиќ, Лордан Зафрановиќ, Горан Паскаљевиќ и Срѓан Карановиќ. Предавал режија на Факултетот за драмски уметности во Белград, член е на Европската академија за филмска уметност во Брисел и е добитник на повеќе од 30 југословенски, српски и меѓународни награди за филм и театар.

фото: Х

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања