„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Поделени 150 пакети за семејствата со социјален ризик, отсега ќе добиваат помош секој месец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Општина Центар, во соработка со здружението Банка за Храна Македонија – БХМ и овој месец продолжува со спроведување на проектот “Нула Глад“.

— реклама —

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со претставникот на Банката за Храна, Душко Христов, денеска пред просториите на Јавното претпријатие “ПОЦ“, поделија 150 пакети со прехранбени производи на жители на општината од семејства со висок социјален ризик.

„Проектот "Нула Глад" го започнавме за да им помогнеме на оние на коишто сме им најмногу потребни.  Наместо еднократно, отсега овие граѓани секој месец ќе добиваат социјални пакети со масло за јадење, брашно, супи, јајца и останати прехранбени производи кои ќе им овозможат полесно да го поминат месецот“ , изјави Богдановиќ.

— реклама —

Проектот “Нула Глад“ на глобално ниво има за цел да го искорени гладот, да го реши проблемот со неухранетоста и да воспостави одржлив и инклузивен прехранбен систем. Општина Центар е првата општина во Македонија која го спроведува овој проект.

Проектот “Нула Глад“, Општина Центар го спроведува во соработка со здружението Банка за Храна Македонија, а во соработка со маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит-Го.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања