Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Подготвени сме за продолжување на европскиот пат, во ЕУ како Македонци со заштитен идентитет, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
makedonija-evropa-eu-mkd-2

Подготвени сме за продолжување на европскиот пат, посветено да работиме, за граѓаните да живеат како сите останати народи од Европската унија, вели СДСМ

„По 17 години од добивањето кандидатски статус, се реализира уште една стратешка определба поставена уште на денот на независноста, а тоа е полноправно членство во ЕУ.

— реклама —

Преговорите за членство во ЕУ почнаа со одржувањето на првата меѓувладина конференција, а веднаш по неа започна скриниг процесот, по кој ќе следува и отворање на првите поглавја.

— реклама —

Истовремено, македонскиот јазик е заштитен со чиста формулација без фусноти и придавки и тој ќе биде рамноправен со останатите јазици на Европската унија.

Во ЕУ влегуваме како Македонци, со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет.

— реклама —

Нашиот македонски јазик, идентитет, традиција, култура стануваат дел од Европската унија.

— реклама —

Сега е време за храброст, посветеност и јасен поглед кон иднината за да можеме брзо и одлучно да го оствариме сонот на нашата генерација, за доброто на идните генерации.

Иднината на Република Северна Македонија е обезбедена и таа е европска“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања