Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Поднесени 22 кривични пријави во туристичките места, од нив 8 пријави во Охрид, 4 во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
inspekcija1

Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ државата.

Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ државата. Државниот пазарен испекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

— реклама —

„Од петокот до сега се утврдени 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти и врз основа на членовите 205 и 206 од уредбата  за истите ќе бидат поднесени кривични пријави“, рече Проја Продановска.

Раководителката истакна дека најголемиот дел од прекршувањата 8 се во Охрид, 4 во Струга, 5 во Битола, 3 во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани. При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Исто така кај двајца угостители од Охрид е утврдено непочитување на протоколите и работното време.

— реклама —

Сепак, од контролите на терен рече Проја Продановска изминатите два дена кај поголемиот дел на правни субјекти може да се забележи почитување на владините мерки.

— реклама —

„Можеме да констатираме дека генерално економските оператори ги почитуваат протоколите, а ние  денес продолжуваме со работа на Охридското крајбрежје со засилени екипи од Скопје и со асистенција на полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања