Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Поднесено обвинение во предметот познат како „Лидери“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ojo-1

По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“. Обвинетиот 50-годишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно градење согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Во периодот од септември 2011 до февруари 2013 година, обвинетиот градел на земјиште во државна сопственост на булеварот „Никола Карев“ во Скопје, за кое во 2004 година имал склучено Договор за закуп и користење на пасишта со ЈП за пасишта – Подружница Бит Пазар – Скопје. Иако согласно договорот бил корисник на земјиштето за период од 10 години, тој инвестирал во градба на армирано-бетонски објект од втора категорија. Без одобрение за градба тој изградил станбена зграда на два ката со вкупна корисна површина од 1.001 м2, со деловен простор и шест стана.​

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања