Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Група Везилка Дали ме сакаш, Ти си проблем, Рани на усните Grupa Vezilka Dali me sakas, Ti si pr
Група Везилка   Дали ме сакаш, Ти си проблем, Рани на усните   Grupa Vezilka Dali me sakas, Ti si pr

Поднесено обвинение за лажната дојава за бомба во „Сити мол“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
siti-mol-2

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело од член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Обвинетото лице се товари дека на 29 јануари во трговскиот центар „Сити мол“ каде бил вработен пријавил дека е извршено кривично дело – Предизвикување општа опасност за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.

— реклама —

Обвинетиот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страницата www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа.

— реклама —

За лицето на сила се претходно определените четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања