„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Поднесено обвинение за обид за убиство во скопското село Арнакија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pistol_001

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно 22-годишно лице од село Буковиќ, кое се обидело да стори кривично дело – Убиство на миг од член 125 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 30.08.2019 година, на автобуска станица на влезот на селото Арнакија, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад, се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, обвинетиот и едно лице-сведок со автомобил застанале на автобуската станица, при што настанала расправија меѓу нив и лице кое стоело на станицата. Тоа лице го повикало оштетениот и му се пожалило дека сакаат да го убијат. Со намера да ги спречи да се пресметаат, оштетениот со палка го удрил обвинетиот во пределот на главата и му нанел раздерно-нагмечна повреда. Повредата кај обвинетото лице генерирала силен афект на страв и краткотрајна промена на свеста и на перцепциите, па тој реагирал импулсивно-нагонски. Притоа, од огнено оружје – пиштол со калибар 6,35 мм кој го носел со себе, испукал кон оштетениот три пати, нанесуваjќи му три прострелни рани. Оштетениот почнал да бега, по што обвинетиот уште неколкупати пукал кон него, но не го погодил.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, ценејќи дека постои опасност од бегство. Притоа, обвинителот го имаше предвид видот, карактерот и тежината на кривичното дело, начинот на извршување и последиците, висината на запретената казна, како и фактот што обвинетиот по сторување на кривичното дело неколку месеци бил недостапен на органите на прогонот.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања