Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Поднесено обвинение за поседување на околу еден килограм марихуана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

На 9 октомври, полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблици и го запреле за да извршат легитимирање. Обвинетиот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса со наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1010 грама. Обвинетиот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба.

— реклама —
— реклама —

Со оглед на тоа што и натаму постојат околностите заради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на притворската мерка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања