Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Поднесено обвинение за родителите чии што три деца изгореа во пожар во Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

pozar

Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против две лица – жена на возраст од 38 години и маж на возраст од 46 години, бидејќи секој од нив сторил по три кривични дела – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Обвинетата како родител – мајка на децата на возраст од 4 години, 2 години и 1 година а обвинетиот како родител – татко на детето на возраст од 1 година не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од членовите 44 и 46 од Законот за семејство.

— реклама —

Воедно, обвинетиот како очув на другите две деца исто така бил должен да се грижи за нив со оглед на фактот дека живееле заедно и имал заштитничка позиција спрема нив, но не го заштитил нивниот живот и здравје.

— реклама —

Двајцата обвинети на 20.06.2018 година грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија.

— реклама —

Се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе. Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје. Во временскиот период во кој децата биле оставени сами, во куќата избувнал пожар во кој сите три деца го загубиле животот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања