Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Поднесено обвинение за убиство и обид за убиство во Арачиново

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
pistol-vperen

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Еден од обвинетите се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1, додека сите тројца се обвинети за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

— реклама —

На 31.08.2014 година, тројцата обвинети влегле во двор од куќа во Арачиново, во која живеел сега покојниот Бајрами Мевљудин и неговото семејство. Еден од обвинетите, со истрел од огнено оружје – пиштол, со умисла го лишил од живот Бајрами Мевљудин, а се обидел да лиши од живот и уште едно лице, брат на жртвата. Останатите двајца обвинети пукале кон мајката на жртвата и кон другиот брат, нанесувајќи им прострелни рани.

Ценејќи дека и натаму постојат законските основи заради кои на тројцата обвинети им беше претходно определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Кривичниот суд достави и предлог за продолжување на оваа мерка за обвинетите. Притоа, како основ се наведува опасноста обвинетите да се дадат во бегство со цел да го избегнат кривичниот прогон, особено со оглед на тоа што тие не биле достапни на органите на прогонот речиси пет години по извршување на делото и беа лишени од слобода дури во април годинава.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања