Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите, сите пратеници да ги поддржат измените, вели Георгиевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
fotovoltaici-678x381-1

На предлог на надлежното министерство, Владата усови законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите, вели Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

„Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја.

— реклама —

Наместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува.

Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза.

Со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати.

— реклама —

Овој предлог наскоро ќе се најде и пред пратениците во македонското Собрание. Очекувам и повикувам сите пратеници, да покажат одговорност и да ги поддржат овие законски измени.

СДСМ и коалицијата, преку Владата што ја предводат преземаат мерки веќе 1 година за намалување на ценовните шокови, ублажување на последиците кои ги чувствуваат сите граѓани и компаниите.

— реклама —

За граѓаните да бидат заштитени да може да го издржат притисокот врз семејните буџети Владата односно државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните. Тоа е сериозна мерка со што граѓаните плаќаат само околу 20% од цената.

Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помали приватни компании добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.

Зголемено е и домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

— реклама —

Тука се и нашите социјалдемократски политики за покачување на платата, за поврат на ДДВ, за минималната плата, цел еден сет на економски мерки за поддршка на стандардот на граѓаните.

Тоа е одговорно и државнички во време на светска енергетска криза“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања