Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

„Поетска ноќ во Велестово“ од денеска во Охирд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Poetska_nok_Velestovo_08202021002

Од денеска до 22 август на повеќе локации во село Велестово и во Охрид ќе се одржи 33. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“.

Свеченото отворање ќе биде вечерва со почеток во 21:00 часот во село Велестово, со настап на гитаристот Мартин Милески. За делото на Лазаров ќе беседи проф. Д-р Димитар Пандев, а стиховите ќе ги интерпретира актерот Ивица Цонев. Водител на програмата ќе биде Марина Димовска. Специјални гости на настанот ќе бидат учениците на годинешната 54. летна школа на Mеѓународниот семинар за македонски јазик, литeратура и култура.

— реклама —

Истата вечер со почеток во 22:00 часот, во тремот на црквата „Успение на Св. Богородица“ во село Велестово ќе биде отворена и изложбата „Татко и син Упевче (мозаици и цркви)“ на академските уметници Славко Упевче и Никола Упевче од Охрид. Со изложба се прославува 30-годишнината од отворањето на нивното ателје во Охрид.

— реклама —

На 21 август од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање на кое со видеопроекција ќе се претстават Кристин Омарсдотир и Сигурбјорг Трастардотир од Исланд, Надија Реброња од Србија и македонскиот поет Андреј Ал-Асади.

— реклама —

На 22 август од 18:00 часот ќе се одржи настанот „Поезија Залез“ во селото Велестово. За овој настан планиран е настап на домашните поети: Долорес Атанасова ‒ Лори, Сашо Огненовски, Ивана Јовановска, Андреј Ал-Асади и Надија Реброња од Србија.

Настаните ќе бидат организирани согласно протоколите и препораките на Владата и Министерството за здравство за заштита од ковид, со намален број на посетители и на отворено.

И годинава манифестацијата е поддржана од Општина Охрид и Министерството за култура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања