Промени тема
Контакт

Поевтини горива, храна без ДДВ и ваучери се дел од новите мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-09-at-14.12.46

Премиерот Димитар Ковачевски ознани дека ќе има ваучери за сиромашните и пензионерите, но и намалување на акцизата и ДДВ-то за горивата. Исто така, ќе има и маржи.

„Од 5 на 0 проценти се намалува ДДВ-то на леб, шеќер, ориз, јајца, свежо месо“, кажа Ковачевски.

Предвидени се субвенции за најранливите категории на граѓани со вредност од 1.000 денари месечно за три месеци за купување на основни производи.

— реклама —

„Ги укинуваме царинските давачки за увоз на основни производи од сите земји. Се ублажува и ценовниот шок за струјата, повластената даночна ставка која ја воведуваме ќе важи до декември. Со нова методологија ќе има помала цена за мали потрошувачи и домаќинства во однос на струјата. Се субвенционираат пензионерите со 1.000 денари за три месеци односно 3.000 денари“, додаде Ковачевски.

Ќе се субвенционира и натаму струјата, мерката ќе е активна до јуни 2022 година. Се субвенционира цената на топлинска енергија.

— реклама —

„Финансирање на проектите за енергетска ефикасност на општините, со што ќе се намали потрошувачката во јавниот сектор. Даваме препорака за промена на методологијата за нафтените деривати. Препораката да е да се менуваат цените на дневна основа. Го пролонгираме давање на зелените давачки за деривати, со оглед на големиот пораст на цените. Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18 на 5 проценти за дел од горивата“, објасни Ковачевски.

— реклама —

Со ова се намалува цената на енергенсите на граѓаните.

„Ја намалуваме акцизата врз основа на берзанските цени, што ќе се ублажи цената на енергенсите до 4,3 денари. Дизелот би бил за 10,7 денари помалку, бензин би се точел за 11,5 денари помала цена“, кажа премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања