Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Андон Чибишев преку социјалните мрежи објаснува за последиците кои можат да настанат поради последниот инцидент кој се случи во Охис. Чибишев кој директоруваше и со Клиниката за токсикологија се обидува на јавноста да и даде појасна слика за тоа што всушност претставува супстанцијата која се излеала во фабриката ОХИС.
Чибишев на ФБ напиша:
Според достапните информации во фабриката ОХИС дошло до излевање на МЕТИЛ АКРИЛАТ МОНОМЕР ,хемиска супстанција која се употребува во хемиската индустрија. Во недостаток на официјални информации дадени од официјални државни институции во тек на денот се изнаслушавме бројни шпекулации.
Метил акрилатот е токсична супстанција која при директен контакт со кожата може да предизвика тешки оштетувања и повреди на истата.
При експозиција на пареи од метил акрилат доаѓа до иритација на очната слузокожа и појава на чешање и солзење на очите а при поголеми концентрации може да дојде и до оштетување на видот.
При контакт со пареи од метил акрилат, во зависност од времето на експозиција односно изложеност и неговата концентрација, може да дојде до полесни или потешки нарушување на респираторниот ситем проследен со печење во грлото и градите, кашлица, отежанато дишење а при поголеми концентрации може да настане оток на белите дробови ( токсичен белодробен едем ) коај е потенцијално смртносна компликација.
Неповолното дејство на зголемена концентрација на пареи на метил акрилет на централниот нервен систем може да предизвикапроследен грчеви ( конвулзии), летаргија и нарушување на свеста.
При манипулација со метил акрилат задолжително се носат заштитини средства ( заштитна облека и маски) а првично при хаварија се врши евакуација на населението во радиус од 50 метри од местото на хаваријата.
При хаварија од потежок степен се врши евакулација во радиус од 800 метри до 1000 метри и се превземаат итни мерки за деконтаминација.
Се уште немаме информација за колкава количина на ослободен метил акрилат се работи и колкава е концентрацијата на метил акрилат во воздух.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2271475029810054&id=100008427372594