Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политки и интеграција во ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-tace-skopje-1-sobranie-4

СДСМ обезбеди поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и забрзана интеграција на државата во ЕУ. Предлогот на претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски за реконструкција на Владата со кадровските решенија е во собраниска процедура, вели СДСМ

— реклама —

„Со вклучување на Алијанса како нов коалициски партнер во Владата се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност, унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, како и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.

Во време, кога се уште трае енергетската и економската криза од големо значење е да се спречат блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, да нема заглавени закони во Собранието.

— реклама —

Зголеменото владино мнозинство ќе се грижи за справување со кризата, унапредување на животот на граѓаните, заздравувањето на економијата да започне веќе оваа година.

— реклама —

Зголеменото мнозинство овозможува да продолжи енергетската транзиција, економските иницијативи како Отворен Балкан, регионалната соработка, поголема поддршка за стратешкото партнерство со САД и унапредувањето на добрососедските односи.

Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство посветено ќе работат на забрзана европска интеграција.

— реклама —

Државата и граѓаните немаат време за губење“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања