Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Поголемо парламентарно мнозинство за структурни реформи, економски политки и забрзана интеграција во ЕУ, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-tace-skopje-1-sobranie-4

Денеска можеме да објавиме дека се прави добар исчекор: имаме поголемо парламенатарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ, вели СДСМ

„Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го овласти претседателот на партијата, Димитар Ковачевски да ги заокружи разговорите за поголемо мнозинство и да предложи кадровски решенија за реконструкција на Владата.

— реклама —

Направен е добар исчекор, се обезбедува поголемо парламентарно мнозинство за реформи, економски политики и интеграција во ЕУ.

Преку принципите на платформата за соработка со Алијанса на Албанците, одобрени и од ЦО на СДСМ, се обезбедуваат сите услови за политичка стабилност и зголемена ефикасност на Собранието и институциите.

— реклама —

Тоа ќе придонесе забрзано да продолжиме со реализација на реформите во економијата, во судството и во однос на интеграцијата на земјата во ЕУ.

Се создаваат услови за унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, а зголемена поддршка добива и планот за стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи.

— реклама —

Преку проширување на парламентарното мнозиство, следува кадровско освежување кое ќе внесе нова енергија во реализација на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, а истовремено се отвора можност за соработка на локално ниво во општините и советите со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Со ова се затвора прашањето за предвремени избори, изборите ќе се одржат според планираното во 2024 година, што е добро за стабилноста, за инвеститорите и за економијата.

— реклама —

Работите се јасни. СДСМ го задржува бројот на министри како и досега, имаме зголемено мнозинство во Собранието, поголема поддршка на реформскиот и на европскиот курс на земјата и политичка стабилност.

Пропаднаа сите најави на Христијан Мицкоски за ново парламентарно мнозинство, отстранета е опасноста земјата да биде зафатена од радикални елементи како Левица и нејзиниот заложник ВМРО-ДПМНЕ, кои сакаат да ја вратат државата во темните времиња на изолација и сиромаштија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања