„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Поистоветувате затвор со гроб, извинете што не се распаднавме, фалеше само и упатство „Како да убиете и да бидете неказнети“, вели Кулакова за Дуковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
frosina-4512513245

Росица Кулакова, сестра на Фросина Кулакова, ја искоментира вчерашната изјава на адвокатот Сашко Дуковски, кој рече дека некој им ги пишува говорите за во судница. Таа праша, дали треба болката да ја сервираат на тацна, па потоа се извини, за како што вели, „што не се распаднавме“.

— реклама —

„Вчера адвокатот на обвинетиот, наместо достоинствено да го прокоментира судењето, реши да ни држи лекции по ораторство. Не било автентично што читаме говори - некој ни ги пишувал. Не може таков бездушен човек (во отсуство на посоодветен збор кажувам човек) да сфати дека со последни сили го читаме дури и тоа што претходно сме го напишале. Треба ли да паѓаме во несвест и болката да ја сервираме на тацна, без запирки туку со солзи, за да сме поверодостојни. Извинете што се обидуваме да не се распаднеме. Истиот тој бездушен човек во судницата ја поистоветува болката на нашето семејство со болката на семејството на убиецот на сестра ми. Поистоветува затворска ќелија со гроб. Па еве, ајде да разјасниме: во затвор луѓето се живи, и тие несовесни родители сеуште можат да си го прегрнат детето, што патем, по своја заслуга се нашло таму. Кого да го прегрнат моите родители освен ладната слика на сестра ми? Кој нормален овие две нешта би ги ставил на вага?!“, напиша Кулакова.

— реклама —

Таа додаде: „И како шлаг на оваа негова срамна реторика следеше барање до судот да се води по пресудите од минатото. Оние срамните, понижувачките. Оние што ние, народот, најстрого ги осудуваме! Демек правдата е некаков шаблон за копирање, а не жив систем што мора конечно да профункционира. Ама, очигледно е дека во недостиг на вистински аргумент за одбрана се повикува на туѓи неправди. Фалеше само уште да добиеме и едно упатство 'Како да убиете, а да останете неказнети'“, објави Кулакова.

Претходно:

vasil-jovanov-1

(Видео) Некој им ги подготвува говорите на мајката и таткото, ова не е ни прва ни последна сообраќајка, вели Дуковски за предметот за усмртената Фросина

Адвокатот Сашко Дуковски, бранител на Васил Јованов обвинет за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова, рече дека родителите на загинатата, во судница читале говори, кои „некој им ги подготвува“. Потоа, рече дека судот треба да го цени тоа што Јованов, признал вина и изразил каење, при одмерување на санкцијата.„Се надевам дека конечно видовте, дека сето она што беше орктетирано објавувано, дека Васил е убиец, наркоман, дека избегал, сето тоа е ноторна лага. Цело време, оштетените читаа од своите мобилни телефони, некој им ги подготвува тие говори, а така настапуваат од прв ден. Се работи за човек кој има 20 години, категорично ја призна својата вина. Ова не е ни прва ни последна сообраќајка во Македонија. Тоа покажува дека е личност со интегритет, имаше доблест да признае и да се сноси со сите последици по признанието. Да оставиме институциите да донесат одлука врз основа на законот, а не око за око-заб за заб. Смртна последица само по себе е страшна работа, но треба да се индивидуализира и цени секој потег. Особено мора да се цени фактот што Васил придонесе за ефикасно спроведување на постапката, соработуваше со судот и изрази најдлабоко можно каење“, рече Дуковски.

Македонија | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања