Полагала возачки испит 150 пати, па ја упасиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
1-20

Жена, која полагала теоретски и практичен возачки испити повеќе од 150 пати во име на други лица, е осудена на осум месеци затвор.

— реклама —

Како што јави Би-Би-Си, Индерџит Каур (29) од Ланели во Велс, признала дека тестовите ги полагала во периодот од 2018 до 2020 година.

— реклама —

Полицијата соопшти дека таа го направила тестот за луѓе кои имаат потешкотии со англискиот јазик.

— реклама —

Таа ги полагаше возачките тестови во Свонси, Кармартен, Бирмингем и Лондон.

Според инспекторот Стивен Малони, таа тоа го правела од алчност.

„Ваквите измами претставуваат голем ризик за јавната безбедност“, рече Малони.

Керолин Хикс од Автомобилската асоцијација рече дека тестовите, кои Каур ги правела наместо други, може да бидат поништени.

„Теоријата и практичните тестови за возење постојат за да се осигура дека луѓето имаат соодветно знаење, вештини и подготвеност да возат. Мамењето на овие тестови ги става животите во ризик“, истакна тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања