„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

skali

Општина Охрид започна со имплементација на проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги  и граѓанска вклученост“ како дел од активностите во рамки на втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети” кој е финансиран од УНДП и Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија, во износ од 50.000 швајцарски франци.

— реклама —

Проектот предвидува реконструкција на влезните скали кои водат до големата општинска сала, поставување на хидраулична лифт платформа за лица со телесен инвалидитет, опремување на салата со посебни пултови за лица од ранливите категории и простор за инвалидски колички, со цел да се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Салата исто така внатрешно ќе се уреди со ново осветлување, озвучување со цел да се овозможат соодветни услови за работа.

— реклама —

Проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги  и граѓанска вклученост“ беше избран за имплементација од страна на граѓаните на општина Охрид во рамки на четирите сесии на Форумот на заедници, кои беа организирани во декември минатата година. Форумот на заедници го сочинуваа седум работни групи, во кои имаше претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор, а главната тема на Форумот беше социјалната инклузија.

фото: Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања