Промени тема
Контакт

Полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zemjodelstvo

Собранието ги усвои измените на Законот за земјоделство и рурален развој, поднесен од пратеници на СДСМ и парламентарното мнозинство, вели СДСМ

„Со измените на Законот се олеснува постапката на примателите на субвенции, односно тутунарите не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни постапката и веднаш да ги добијат субвенциите.

Она што особено е вредно да се истакне е дека со измените се отвораат можности за зголемување на поддршката за набавка на гориво на земјоделските стопанства од 50 на 100 отсто од вредноста на горивото.

— реклама —

Ова во време на светска енергетска криза и раст на цените на горивата е особено значајна помош која ќе ги намали производствените трошоци и ќе придонесе за конкурентно земјоделско производство.

Со измените се отстранува пречката за исплата на субвенции кон 20.000 тутунопроизводители.

— реклама —

Исплатата на субвенциите во вредност од една милијарда и 300 милиони денари односно 21 милион евра започнува во следниот период.

— реклама —

Кога целиот свет се соочува со недостаток на важни земјоделски производи, СДСМ презема се за да се поттикне зголемувањето на домашното производство на храна.

Остануваме посветени на реализација на мерки што значат помош за земјоделците и граѓаните за полесно справување со последиците од светската економска и енергетска криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања