Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Полицаец од Интервентната единица под истрага за поткуп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Против виш полицаец од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е поднесена кривична пријава поради сомневање за давање поткуп, откако, според МВР, посредувал кај колега на ГП Долно Блаце за да не биде евидентиран влезот на македонски државјанин во земјава.

— реклама —

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против А.Б. на работно место виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ.

Според документираните сознанија, пријавениот во текот на февруари и март годинава посредувал кај друг полициски службеник вработен на ГП Долно Блаце, односно понудил и дал поткуп со цел полицискиот службеник да не ја изврши својата службена должност, односно да не евидентира влез во државава на македонски државјанин на ГП Долно Блаце, така што од негова страна евидентиран е турски државјанин.

— реклама —

Пријавениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а од страна на Основниот кривичен суд Скопје изречена му е мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно ОВККИПС против А.Б. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања