Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

Полицаец сведочеше за гласачите од Пустец - Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
edmond-temelko

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО, сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на лица на неколку адреси во градот и утврдил дека лицата ги нема на адресите.

„Проверките ги вршев на наведените адреси. Во 2012 година извршив проверка кај Љупчо Поп Гошев на 40 до 45 лица на улицата ‘Мите Богоевски’. Кај Љупчо, од сите 45 луѓе, ниеден не беше пронајден“, сведочеше полицаецот. Тој рече дека вакви проверки правел и на други локации: „Кај Сандре Темелковски имаше 25 до 30 луѓе…“

— реклама —

Сведокот кажа дека му било наредено да извршат дополнителни проверки, но и тогаш не биле пронајдени.

„78 луѓе од тие што ги имав за проверка, не беа на адресите, а беа во Избирачкиот список“, рече полицаецот. Кранлиевски кажа и дека секојдневно по 50 до 60 луѓе кои не биле од Македонија, чекале пред полициската станица и дека добил наредба да ги извадат на паркингот за да не прават метеж.

— реклама —

„Во разговор истите лица кажаа дека нема да излезат надвор и дека се пуштени со нивните пасоши, по наредба на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко“, се присети полицаецот.

— реклама —

Првото судење за „Титаник“ се одржа на 2 април 2018 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања