Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Полицијата без милост: Низа казни во Скопје, поради разни прекршоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 63 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: шест возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.

— реклама —

Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани и едно возило било технички неисправно.

— реклама —

Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 21 возач на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четворица поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

— реклама —

Во текот на изминатиот ден издадени се 49 мандатни платни налози и 43 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања