Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Полицијата демантира пукање, граѓаните слушале истрели, се прикирва ли случајот ? !

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
izjava-zaev.Still101

И покрај тоа што ноќеска во Полиција е пријавено дека е пукано на улицата Гоце Делчев во Охрид, а Полицијата од како примила повеќе телефонски повици од растревожени граѓани излезе на лице место и вршеше истрага притоа блокирајќи ја улицата за сообраќај, денес СВР Охрид преку портпаролот Стефан Димоски излезе со официјално соопштение со кое сака официјално да демантира дека имало пукање.

— реклама —

Во соопштението стои:

„До овој момент, во СВР Охрид нема официјална пријава за пукање од огнено оружје пред изборен штаб на политичка партија во Охрид. Ги демантираме написите за таков настан во Охрид и Ве информираме дека на 03-05-2019 година во 22 часот и 45 минути, М.К.(32) од Охрид пријави оштетување на неговото возило „Опел Зафира“ со охридски регистарски ознаки случено на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид. Според пријавителот, управувајќи го автомобилот, тој слушнал удар врз автомобилот и откако застанал, на кровот забележал оштетување. По наредба на Јавен обвинител, на поширокото посочено подрачје извршен е преглед, но не се пронајдени чаури или други траги поврзани со испукување од огнено оружје. СВР Охрид презема дополнителни мерки за расветлување на овој случај.“

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања